Стоилковски: Случајот со Груевски е чист класичен пример за политички мотивиран судски процес воден од Кацарска која работи под диктат на Заев

Почитувани, во Република Македонија нема демократија. Нема демократско Собрание, има групација која е слепо исполнува партиски агенди, нема судство туку судии кои изрекуваат политички нарачани пресуди. Нема Влада, туку има извршна власт за потребите на соседните политики. За сето ова ниту собранието, ниту извршната власт немаат отчет пред граѓаните, кои и на референдум ги одбија штетните политики, туку има отчет кон нарачателите, ова денеска на пре-сконференција го истакна Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Сето ова е надополнето со политички прогон против опозицијата, против ВМРО-ДПМНЕ, против поранешни и актуелни политичари, кои не се согласуваат со владините политики. Случајот со актуелниот пратеник Никола Груевски, почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер на Република Македонија е чист класичен пример за политички мотивиран судски процес, кој во иднина верувам ќе се изучува на правните институти. Тоа е најголемиот политички мотивиран процес, воден од партиското Кацарска судството со единствена цел: задоволување на единствениот аболициран и помилуван криминалец поставен за премиер во Европа Зоран Заев. Ова е реалноста на зборовите „кажете им беше Заев, апсениот Заев, има живи луѓе да јадеме“. Ова истовремено е порака против сите политички не истомисленици, кои со ваков потфат треба да бидат замолкнати и да се откажат од борбата против оваа однародена, криминогена власт. Во моментов во Собранието паралелно тече втората фаза од обезличувањето на Република Македонија, втората фаза од реализација на капитулантскиот договор, истовремено со најголемиот пораз на македонската економија, ребаланс на буџет кој е потрошен за ништо, вели Стоилковски.

Тој додава дека Кацарска судството во Македонија работи под целосен диктат на Зоран Заев. Не важат докази, не важат аргументи, слепо важат само политичките  нарачки на единствениот аболициран политичар Зоран Заев. Но, и Заев и Кацарска, но и обвинителот сокриен во пупката на Заев, треба да знаат дека ниеден процес нема да ја симне дамката од Заев, аболициран за криминал од милиони евра за Глобал, помилуван за милиони во поткуп како градоначалник, помилуван од Кацарска судството за ПУЧ. Дамката е единствен македонски политичар кој прифати и потпиша капитулација и македонско обезличување и газење на националните интереси!

-Почитувани во случајот не се пресуди според докази, бидејќи ги нема, не може да има докази затоа што нема криминал. Од спектакуларните најави и обвинувања за криминали тешки милијарди евра, остана едно големо ништо. Фактите се следни: за набавка на автомобилот спроведен е тендер. По изборот на компанијата која ќе го набави немало никакви понатамошни жалби ниту забелешки. Ниту е остварена противправна имотна корист, ниту е нанесена штета. Ова е политичка хајка за народот, наводно за набавката на блиндираниот автомобил, кој што сега Заев продолжува да го користи. Велеа дека бил уништен и изгребан, па откако го сликаа и купија денот со сликање, го изгланцаа и ставија во погон за превоз на делегации. Самиот случај е правен преседан. Автомобилот е набавен поради тоа што постојниот беше две децении стар, амортизиран и со помината безбедносна ефикасност. Македонија сега има барем едно репрезентативно возило. Токму СЈО и Кацарска судството направи политички случај кој е извор на манипулации и дезинформации, за имот кој остана во наследство на Република Македонија. Ова е уште еден еклантатен пример каде се докажува пристрасноста и  политичката хајка која ја води Заев преку Кацарска судството. Рокот на употреба на оваа франкенштајн коалиција меѓу судот и криминогената власт за политички прогон брзо изминува. А, политички прогон нарачан од Заев, сепак, нема да го изедначи Груевски или било кој од ВМРО-ДПМНЕ со Заев и неговите криминали, ниту ќе му ја оправда капитулацијата, заврши Стоилковски.