За жал гледаме дека последните две години судството е многу далеку од европските стандарди, ВМРО-ДПМНЕ нема да се меша во изборот на Судскиот совет, но сепак потребно е да се дојде до одговор дали нечиј фаворит е избран и дали изборот е завршен, и отворено ќе прашаме дали судијата Лорета Георгиева од Струмица е главниот фаворит за судскиот совет, вели изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање потенцираше дека со оглед на сите претходни оценки за клиентелистичкото Кацарска судство и нарачаното Рускоска обвинителство мора да се каже дека нема партијата да биде слепа во тоа што се случува и затоа прашува дали изборот кој што ќе се случи во понеделник не е завршен предвреме.