НАЈНОВИ ВЕСТИ

Стоилковски: Абази да одговори дали снаата работи во АЕК, а претходно кај Груби?

ВМРО-ДПМНЕ го прозива Јавниот обвинител Ислам Абази да одговори дали снаата од неговиот брат Шпреса Абази работи во Агенцијата за електронски комуникации, како советник за одговор на компјутерски инциденти, а претходно била во министерството на Артан Груби?

Најголемата опозициска партија реагира дека Ислам Абази, до толку не смее да отвори уста за ДУИ, што Артан Груби одговарал место него дури и за неговото семејство.

„Груби во занес на неказнивост за криминал и корупција е во состојба да уверува дека има и двајца Ислам Абази – едниот актуелен јавен обвинител за организиран криминал, а другиот поранешен гостиварски обвинител, член на ДУИ, близок со семејството Ахмети, пријател на Невзат Бејта и неговиот зет Јеток Акику, директор на АЕК, каде работи снаата од брат на овој Ислам Абази, Шпреса Абази која била во министерството на Артан Груби. Да не е трагично, ќе е смешно. Вака е и трагично и страшно, незнаењето на Артан Груби“, предупреди портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

Според него, факт е дека луѓе кога се враќаат на работно место во мирување,  за тоа не се распишува оглас. Факт е вели Стоилковски и дека Шпреса Абази е на листата вработени кај Груби, полагала тестови, за потоа да се вработи во АЕК, на објавен оглас за работно место во АЕК, советник за одговор на компјутерски инциденти.

„Јасни се низата злоупотреби на позициите, злоупотребата на министерство како агенција за вработување на миленички, снаи, деца, новинари на ДУИ! Не очекуваме Ислам Абази да одговори, исто како што не одговара за ниедна корупција, ниту злоупотреба од ДУИ!Очекуваме одговорност по смена на власта“, предупредува Стоилковски.