Стилот на Стојанче Ангелов повторно исмејуван од јавноста, што сака да постигне директорот на ЦУК?

Човек кој треба да се справува со кризите во Македонија или шоумен? Што е Стојанче Ангелов? Справувањето со кризите и не му оди баш најдобро, а најочигледен пример беа ланските пожари, кои со денови беснеejа низ државата.

„Се смешав“ – рече Стојанче Ангелов, директор на ЦУК.

Со пожарите можеби и не се снајде најдобро, но човекот кој треба да се справува со елемантарните непогоди во државата, сега ни најавува дека ќе средел дупка на мост во Драчево.

„Сејфти фрст. А токму оваа дупка која што се наоѓа на средината на мостот ја загрозува безбедноста на граѓаните. Сејфти фрст“ – рече Ангелов.

Ова не е прв потег на Стојанче кој наидува на потсмев кај граѓаните, последниот таков беше пред само две недели, кога македонските пожарникари, ги прогласи за побрзи од американските.

„Сличен ваков пожар гледав во Америка и таму пожарникарите беа побавни од нас“ – рече тогаш Ангелов.

Шоуто на Ангелов не е само во директорските денови, претходно не учеше како со глава да си ја браниме Македонија.

„Сине користи ја главата. Главата е најопасно оружје кај човекот. Ако сакаш да ја одбраниш татковината, користи ја главата сестрано. КРШЕЊЕ КЕРАМИДИ СО ГЛАВА. За кого, за Македонија, Македонија едно општество за сите“ – рече Ангелов.

Како и речиси секој потег на Ангелов и последниот со увидот на мостот во Драчево, предизвика бура реакции на социјалните мрежи.

„Би те гледал како Стојанче што ја гледаше Дупката у Драчево

„Изгледа веста со увидот на Стојанче на мостот не била шега…

„Абе Стојанче има возено точак и паднал со главата на мостот, сега само не за**ава“ – пишуваат корисниците на Твитер.

Стојанче Ангелов од позиција на директор на ЦУК, претходно предупреди и дека постои опасност да паднела карпата на Матка, што претставува опасност по животот на граѓаните, но освен предупредување ЦУК не презеде ништо конкретно за справување со овој проблем.

Матеја Петровски

Поврзани вести