Стејт департмент: Mакедонија не дискриминра Бугари, Бугарија не почитува судски одлуки

Американците ја урнаа како кула од карти тезата на Софија дека Македонија ги дискриминира Бугарите, но затоа утврди дека токму Бугарија е таа која не ги почитува правата за здружување на Македонците кои живеат таму. Во извештајот на Стејт департментот за Македонија нема забелешки за нас, а во тој за Бугарија врие од критики за однос на државата кон малцинствата.

„Уставот и законот ги обезбедуваат слободите на мирно собирање и здружување, а владата генерално ги почитува овие права“ стои во извештајот за Mакедонија.

За разлика од овој, во документот за Бугарија се нотирани низа забелешки, пoсебно во делот околу регистрацијата на македонските здруженија и непочитувањето од Софија на одлуките на меѓународниот суд во Стразбург. Во забелешките пишува дека бугарските власти продолжуваат да ја „негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи како што се Обединета македонска организација – Илинден, Обединета македонска организација-Илинден Благоевград и Друштвото на угнетените Македонци – жртви на комунистичкиот терор, и покрај бројните претходни одлуки на судот дека со негирањата биле прекршени слободата на здружување на групите“.

Судот во Благоевград ја потврди одлуката на Агенцијата за регистрација со која се одбива регистрацијата на Обединетата македонска организација – Илинден Благоевград со образложение дека целите на групата, вклучително и официјалното признавање на македонското малцинство, ќе ја загрозат националната безбедност на земјата…. Групите се пожалија дека наместо да добијат,, инструкции како да ги поправат грешките во нивните апликации, властите ги третирале како непоправливи…. стои во оценката на Стејт департментот.

Се помалку е веројатно дека и овој извештај ќе го промени наративот на Бугарија кон Македонија, особено ако се земе предвид дека и европската комисија кажа дека нема дискриминација во Македонија. Сепак бугарските власти својата политика и понатаму ја темелат дека бугарите кај нас не уживале права, што е спротивно на реалната слика. И комисиајта за заштита од дискриминација во Македонија има донесено само три одлуки за дискриминација на етничка основа, односно за македонците со бугарска самосвест.

Мери Симоновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста