Стефаноски: Македонија не научи ништо од грешките во однос на безбедноста, ако службите пак потфрлат нема да постоиме како држава

Во овие 25 години глобалните служби менуваа три модели. Ние не учиме од грешките, ако земеме анализа на УБК ќе стигнеме до таков заклучок, ни се случуваат многу ризици, вели Милан Стефаноски.

-Ние дури сега преземаме акции за реформирање. Има три модели, па треба да се дискутира дали имаме соодветен модел кој ќе биде ослободен од политички притисок. Ние не учиме од грешките. Треба да имаме контрола и надзор, вели Стефаноски.

Ако повторно службата потфрли и ни се случи „Диво насеље“, нема да постоиме како држава, додава тој.

Во „Отворено на Алфа“ со Искра Коровешовска на тема „Сe реформира ли реално УБК или е вплеткана во нова политичка пајажина?“ дебатираат политичките аналитичари и безбедносни експерти, Оливер Андонов, Милан Стефаноски, Тодор Пендаров.