Стевчо Јакимовски повторно уапсен, ОЈО и за него бара притвор

Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, е приведен и изнесен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Приведени се уште две лица, вработени во Општина Карпош. Обвинението е поведено од Основното јавно обвинителство, кое најави дека повеќе детали ќе соопшти во текот на денот.

Во истрагата на ОЈО се опфатени уште шест лица – бизнисмени претежно од градежниот сектор. Според најавите од ОЈО, за тројцата приведени ќе биде побаран притвор, а за останатите мерки на претпазливост.

Јакимовски беше приведен и лани во август по барање од финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош.
Судот тогаш му определи мерки за претпазливост на кои тој редовно се придржува.

миа/алфа