Стево му противречи на Пендаровски за Бугари во македонскиот устав

Денес едно, утре друго, вака отприлика може да се толкуваат изјавите на шефот на државата Стево Педнаровски во врска со горливото прашање за уставни измени. Иако пред само две години тврдеше дека нема шанса да се менувал договорот со добрососедство или да се отворал Уставот, денеска од Охрид порачува дека уставните измени биле едноставен избор или си или си против ЕУ.

Секој разумен човек ги знае аргументите ’за‘ и ’против‘. Ова е сосема јасна дилема, или си за Европа или си против Европа. Имаме седум народи и делови од народи во Уставот, проблем ли е да ставиме уште шест делови од народи во истиот тој Устав? Како тоа ќе ја загрози Македонија? Меѓутоа, ако имаш политички причини чекајќи ги следните избори за да дојдеш на власт, па потоа да му ја мислиш за Европа или за две третини за Устав тоа е друга работа. Тоа не е стратешко размислување. Тоа е тескопартиско размислување кое сигурно се судира со стратешките интереси на Македонија“, рече Пендаровски.

Зошто патот кон ЕУ ни е постојано со блокади и препреки, Пендаровски прстот го посочи кон опозицијата, таа била виновна што Македонија е во чекалницата. А токму власта беше онаа која потпишуваше договори и ветуваше работи без воопшто да се консултира со опозицијата, експертската јавност, народот.

Мери Симоновска

Иако сега Педнаровски вели дека уставот треба да се смени, пред две години велеше дека таквите очекувања биле надвор од реалноста.

Не за нов договор, ван памет е да зборуваме за промена на Устав, не за анекси додавење на договорот, тоа не е потребно, изјави Стево Пендаровски – претседател на државата (14.10.2020)

Ова не е прв пат јавноста да биде сведок на менувањата на ставовите на шефот на државата, за него и францускиот предлог беше лоша идеја, за неколку дена подоцна истиот да стане прифатлив.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста