„Стандард енд Пурс“: ББ- за Македонија, Бангладеш, Гватемала и Виетнам

Aгенцијата „Стандард енд пурс“ (“Standard and Poor’s”) соопшти дека го потврдува кредитниот рејтинг ББ- на Македонија, исто како и минатата година.

„Стандард енд пурс“ наведува дека може да дојде до подобрување на рејтингот доколку навременото имплементирање на реформите ја зајакне институционалната поставеност и ги подобри економските изгледи.

Наспроти ова, врз влошување на кредитниот рејтинг може да влијае враќањето на политичките тензии или забавувањето на темпото на реформи, што би имало негативен ефект врз растот и странските инвестиции, како и во случај на фискална недисциплина или вонбуџетски активности кои би ја довеле во прашање оддржливоста на јавниот долг.

Покрај Македонија, со ББ- се оценети и Бангладеш, Боливија, Грузија, Гватемала, Хондурас и Виетнам.

Полош рејтинг од нашата земја имаат повеќе држави, меѓу кои се и Шри Ланка, Суринам, Сенегал, Руанда, Конго, Папуа Нова Гвинеја, Пакистан, Нигерија, Никарагва, Мозамбик, Монголија, Кенија, Јамајка, Ирак, Етиопија, Буркина Фасо.