});

Сталоне: Дојде време да се збогуваме со Роки Балбоа

Холивудскиот глумец Силвестер Сталоне (72) на социјалните мрежи објави дека легендарниот Роки Балбоа стигнал на крајот од неговото долго 40-годишно патување.

Од беда до сјај е приказната за Силвестер, но и за Роки Балбоа – филмскиот јунак кој го запознавме пред 40 години и од кој оваа година ќе се збогуваме засекогаш.

По четири децении и седум филмови, Сталоне вели дека времето за збогување сепак дошло.

– Ми беше чест да создадам и да глумам ваков важен лик. Иако ова ми го крши срцето, за жал, сите работи мора да завршат. Најважно е дека Роки никогаш нема да умре, бидејќи се уште живее во нас, напиша Сталоне.