Стави – разреши, оставки, назначи нови – најмалку 15-тина директори се сменија во мандатот на Арсовска, но подобрување нема

Повеќе скандали отколку реализирани проекти, како и колку сработи скопската градоначалничка на речиси половина поминат мандат? Крах на јавниот превоз, неретко раскопани улици, стави – па разреши директори, крвав масакр во скопската зоолошка, за на крај скопјани да останат затрупани во ѓубре…

Дека мандатот на директорите на скопските јавни претпријатија им трае кратко доказ е промената на најмалку 15-тина позиции. Кај Арсовкска на тапет прв се најде директорот на Водовот, Златко Перински за кого велеше дека ги ставил рачињата во медот  за тендер за пречистителна станица тежок 136 милиони евра. Него го наследи Марјанчо Митовски за кој, пак, Сојузот на Синдикати на Македонија бараше оставка поради притисоци и кршење на работничките права. Од јануари годинава на позицијата директор во Водовот е Драган Илиевски. Промена имаше и во Комунална хигиена, поради тоа што на протестите за францускиот предлог братот на Зуди Ензухи со пиштол пукаше кон демонстрантите, а тој експресно беше разрешен.

На негово место дојде Косана Мазнева, која, пак, отпушти 33-ца вработени во ова претпријатие, зошто со години не оделе на работа а земале плата. Викендов Мазнева заедно со Арсовска повторно беа во фокусот бидејќи контејнерите во главниот град останаа преполнети со смет.

Но не само Водовод, во „Дрисла“ досега се сменија двајца директори, тројца во „Градски паркинг“, во скопската зоолошка на местото директор за помалку од две години седнаа тројца.  Од поставените директори на Арсовска, Реџепи од „Паркови и зеленило“ одби да даде изјава за медиумите на македонски јазик.

И во ЈСП се сменија тројца директори. Скопје го снајде и сообраќаен колапас, откако приватните провозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ поради неисплатени долгови од ЈСП, ги ставија автобусите на паркинг. Не ретки беа протестите и блокадите и на вработените под капата на Град Скопје. Не може да се заборави и скандалозното менување директори во МКЦ, каде за последниот се крена најмногу прашина, заради неговото образование, кое, според јавноста, не соодветствува со директорска позиција во вакава културна установа.

Граѓаните бурно реагираат и на затворените улици кога Арсовска се пофали со нивелирани шахти и неколку реконструирани улички низ општините, по што со месеци јавноста очекува некој реализиран проект.

На речиси една половина од мандатот на Арсовска, новинарите скоро секогаш не добиваат одговори на прашањата до градоначалничката и од Градот, но и максимална затвореност и нетранспарентност на градската администрација.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста