ССНМ: Попречување на работата на екипата на Алфа ТВ на јавен простор е недозволиво и казниво

Прилогот на ТВ Алфа за четиригошната Бисера која живее со дијабет се уште ја бранува јавноста, пред се поради односот на несовесната мајка која вербално ја нападна па дури и ја избрка нашата екипа додека снимаше на јавна површина.

За ваквиот однос денеска реагираше и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници. Оттаму велат дека се вознемирени зашто граѓани се дрзнаа да присвојат јавен простор и да ја избркаат телевизиската екипа со образложение дека тоа ним некој им го дозволил.

„Потсетуваме дека попречувањето на новинарите и снимателите во обврските за информирање на јавноста е казниво според законот… ССНМ ја осудува постапката на граѓани кон нашите колеги затоа што освен попречувањето во работата, колку и да не е опасно во овој случај, станува збор за загрозување на безбедноста на новинарите и медиумските работници“ се наведува, меѓу другото, во соопштението.

Advertisements