ССМ штрајкуваше од 7 до 10 часот со блокада на раскрсницата во автокоманда

ССМ го радикализираше штрајкот  со три часовна блокада на влезот и излезот  на Скопје кај населбата Автокоманда со што ги повикаа надлежните да го исполнат ветенотo  кои и натака се глуви на барањата на јавната администрација.  ССМ се извини до граѓаните кои утринава се соочија со сообраќаен хаос, но како што велат ова е порака дека ги блокираат пратениците и министрите.

Сојузот на синдикати на Македонија денеска покажа дека одлучно стои на барања кои во моментот ги смета за неопходни, но и солидарни. Зборувам за 2.806 денари веднаш од 1 јули, како и враќање на регресот, изгубено право во јавниот сектор, од 30 до 100 проценти од просечната плата. Се извинуваме на граѓаните, меѓутоа ова што денеска го правиме е навистина неопходно, бидејќи знаеме дека се најавува нова цена на струјата, ценовните шокови по продавнците се исти, енергетска криза, нафтена. Апелирам, сфатете нè сериозно, ние ќе бидеме секој ден на улица доколку не се исполнат нашите барања кои се неопходни во моментов. Не може да ни сервирате дека ќе имаме ново зголемување на струјата, а да ни нудите нова методологија за плати, вели претседателот на ССМ Дарко Димовски

Од Синдикатот велат дека нема да отстапат од барањата.  Најавија дека штрајкот ќе продолжи и утре, а барањата ќе ги кажат пред Министерството за труд и социјална политика.

Штрајкот на јавниот сектор започна минатата недела, откако од власта не им го дадоа ветеното покачување од 2806 денари. Според правилата за штрајк, во јавните установи се работи со 10 отсто расположлив капацитет на кадар.  Една недела се на улица, но до сега никој од владеачкото мнозинство не ги повика на разговор. Поддршка добија од опозициските ВМРО- ДПМНЕ и Алијанса за албанците, како и од движењето БЕСА.

Кристина Алексиеска

Поврзани вести