ССМ со докази: Директорот на „Водовод“ нападнал лице со нож, во лекарскиот извештај стои дека му е нарушена психичката состојба

Директорот на скопски „Водовод“ Марјанчо Митовски со нож делел правда во кафеана каде се тепал, потоа бил осуден на парична казна од 20 илјади денари, а откако не платил, издржал 20 дена затвор, тврдат од Сојузот на синдикати кои на новинарите ја поделија пресудата. Бараат итна смена на директорот кој е назначен од градоначалничката Данела Арсовска. Како што велат од Синдикатот, директорот е обвинет зашто малтретирал и вработени, отпуштал и ги преместувал на несоодветни позиции неистомислениците.

Димовски најави дека „имаат лекарски извештај каде што стои дека психичката состојба на Митовски е нарушена и дека треба да се лечи“.

  • В.Д. директорот на „Водовод и канализација“ – Скопје, Марјанчо Митовски не ги исполнува условите за да биде вршител на јавна функција согласно правосилната пресуда, бидејќи извршил кривично дело напад на лице со ладно оружје – нож, нанесувајќи му тешки телесни повреди, изјави денеска претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија. Имаме уште една пресуда која ќе ја обелодениме, доколку овој директор не си поднесе оставка или градоначалничката не го разреши. Исто сакам да најавам дека имаме сериозен лекарски извештај каде што кажува дека психичката состојба на овој директор е нарушена и истиот се лечи. Тоа ќе го обелодениме наредната прес-конференција, посочи претседателот на ССМ Дарко Димовски.

Бидејќи станува збор за стара пресуда од пред 29 години, согласно правните документи, таа казна најверојатно е веќе избришана од судското досие на Митовски, но во полициската база на податоци, кривичниот настан не се брише никогаш.

  • Затоа го повикувам в.д. директорот Марјанчо Митовски да си поднесе неотповиклива оставка, барем од морални причини, бидејќи ние работниците веќе се плашиме да одиме на работа знаејќи што направил овој в.д. директор на друг човек со ладно оружје и тука прекинува секоја наша соработка со овој в.д. директор, изјави на денешната прес-конференција Димовски.

Алфа се обиде да стапи во контакт со директорот, но од таму ни кажаа дека бил на состанок и дека барем денеска не бил расположен за коментар.

Претходно, директорот ги отфрли овие информации и рече дека имало привилегирани вработени на „Водовод“ кои земале големи плати, меѓу кои и сопругата на синдикалниот лидер Дарко Димовски. Тој ги отфрли овие обвинувања и рече дека тоа е точно, веднаш да се поведе дисциплинска постапка, наместо, како што рече, да се замајува јавноста.

  • Нека повелат нека и го земат службениот телефон кој го нема, нека повелат нека и го земат службениот број кој го нема, нека повелат нека и го земат службеното возило кое го нема, и да отворат дисциплинска постапка, ако јас грешам – нека повелат уште утре да ја избркаат од работа, согласно дисциплинската постапка, додава Димовски кој ги отфрла овие неточни информации.

Инаку, Марјан Митовски е прв човек на претпријатието од 13 септември годинава. Градоначалничката Данела Арсовска го назначи на функцијата откако еден ден претходно го разреши Златко Перински од ВМРО-ДПМНЕ.

Борис Грујоски

Advertisements

Поврзани вести