ССМ: Ова е единствената Влада која става рака врз колективните договори

Владата удира врз синдикалната борба и работничките права – Синдикатите гневни на Правилникот за поставување и регистрирање на колективни договори и нивни измени потпишан од Министерската за труд и социјална политика Јована Тренческа. Со Правилникот ќе  се бара согласнот од Министерството за финансии да даде амин за колективен договор, со што на синдикатите им се крати можноста да преговараат во име на работниците во јавниот сектор за поголеми плати и надоместоци

Ова ќе значи дека ниту еден вработен во јавен сектор нема да може преку синдикатот да преговара за поголеми плати за поголеми надоместоци бидејќи министерството зџа финансии ќе каже не. колективните договори ќе бидат само да се регулираат денови за годишен одмор и неплатено отстуство.  Вакво мешање на синдикатите во државата не е видено никаде во светот, вели Трпе Деаноски, Синдикат на УПОЗ.

Од синдикатот ќе поднесат и претставка до Уставниот суд за да се укине Правилникот. Предупредуваат дека  намерите на МТСП е со одредбата која се планира да се воведе во Законот за работни односи да се оневозможи  колективните договори да важат до потпишување на нов , што би значело дека веќе ќе нема колективни договори бидејќи се потпишани од 2009 година и синдикатот единствено ќе има право да разговара само за годишен одмор и отсуство од работа.

Владата и министерството нема логика со овие правилници, а со овој Правилник му се дава толкаво влијание на Министерот на финансии, поголемо и од Премиерот, додава Деаноски.

Синдикатите се гневни и на новиот План за штедење од Владата, кој според Деаноски единствено содржи  точки кои се поразителни за вработените, а Владата ќе штеди само со намалување на репрезентации за 20 отсто.  Наместо да им ги исполнат ветувањата за зголемување на платите и методологија за раст на примањата, на крај работниците добиле само кратење на плати.

Кристина Алексиеска

Advertisements