ССМ: Новиот Закон за плати е неуставен и незаконски, мора да се доработи, ако не пак ќе протестираме

Новиот Закон за плати кој власта сака да го протурка е неуставен и незаконски, алармираат од Сојузот на синидкатите на Македонија. Тие бараат итно повлекување и доработка, зашто сметаат дека со него се кратат правата на работниците. Покрај суштинските, спорни одредби во Законот за синдикатите е тоа што Владата овој закон го донела без нивна консултација. Сега, тие, ќе бараат средба со владините економски министри, но ако бидат игрнорирани – не ја исклучуваат и можноста за штрајкови или протести.

  • Новиот Закон за плати кој власта сака да го протурка е неуставен и незаконски, алармираат од Сојузот на синидкатите на Македонија. Не ја знаеме намерата на Владата, од каде излезе овој закон, нее така како што се најавуваше дека ќе биде – со пораст на плати пред се, а намерата на Министерсвото за труд и социјала, на финансии и на Владата е да нема колективни договори, вели меѓу другото за Алфа, претседателот на Синдикатот на УПОЗ при ССМ, Трпе Деановски.

Реакциите на синдикатите следуваат откако власта реши еднострано да разскинува колективни договори, но од таму се правдаат дека не било така. Министерката за труд и социјала, претходно рече дека реакциите биле неосновани, а постапката имала за цел потпишување на колективен договор, кој ќе следел откако ќе се усогласат сите страни, што за Синдикатот нее така.

Реакциите на синдикатите следуваат Власта, прво го потпиша Колективниот договор за култура, па реши да го менуваат законот. Синдикатите експресно реагираа дека се крши со устав загарантирано право, зашто со новиот предлог Закон за платите во јавниот сектор, Собранието ќе ги менува како што сака, односно како во кризна или воена состојба. Капак на се е и новото усогласување на минималната плата, кое по се изгледа нема да се случи, зашто инфлацијата веќе си го направила своето.

Во годината која измина Власта не пропушти да се пофали за повисоките плати на јавната администрација. Но сепак, слективно. Министерствата, главно оние предводени од ДУИ, добија енормни покачувања. Администрацијата во финансии се офајди со плати повисоки за 32%, а оние во образование и наука добија зголемување за 29%. Синдикатот алармира дека платите треба да се делат според заслуга, а не според партиска припадност, затоа бараат час поскоро да се стави крај на ваквото лошто менаџирање.

Борис Грујоски

Advertisements