Синдикалците в петок ќе донесат одлука за генерален штрајк – од покачувањето на платата за 2.806 ден на работниците нема ништо, а цените драстично растат. Синдикалците насамарени велат на 1-ви мај излеговме на улица бидејќи во Македонија се’ се покачи, освен платите.Во толпата беа вицепремиерот Битиќи и министерката за труд и социјала Тренчевска, кои во очи не излажаа. 

  • Не само што не се решија прашањата, туку не најдоа простор во ребалансот на буџетот да се зголемат платите особено во јавниот сектор.За приватниот сектор можам да зборувам дека исто чашата е прелеана и луѓето чекаат секојдневно да апелираме и да повикаме на генерален штајк, бидејќи повеќе не се издржува состојбата.Меѓутоа со вакво зголемување на платата и кажување дека имаме непродуктивни работници или ќе ја мериме продуктивноста, а од друга страна се купуваат возила за Владата или има таму помножено по десет непродуктивни трошоци кои тие секојдневно ги трошат на грбот на граѓаните, навистина нема тоа да се дозволи, вели Иван Пешевски од Синдикат на градежништво, индустрија и проектирање.

За 1.300 ден е зголемена минималната синдикална потршувачка кошничка и сега надминува 38 илјади денари, па луѓето повеќе не можат да врзат крај со крај. 112.000 луѓе сега со минимална плата од 18.000 денари повторно не можат да го преживеат месецот.

  • Ние како ССМ веќе подолго време апелираме да се покачат платите линеарно за 2.806 денари и како што баравме ние од 1-ви мај, зошто ? Поради сево ова знаејќи дека на 31-ви мај ќе прекине мерката за ограничување на маржите на основните прехрамбени производи.Видовме уште ден порано сите трговци на мало и на големо ги корегираа своите цени,сите цени отидоа за плус 10 % .Владата како трет социјален партнер не ни излезе во пресрет, вели Дарко Димовски претседател на ССМ.

Нашите анализи покажуваат дека инфлацијата на месечно ниво се движи од 10 до 12 %,но од 31-ви мај кога ќе ја мериме инфлацијата споредбено за месец јуни таа ќе биде преку 25 %-укажува Димовски.

Росица Голабоска

Advertisements