ССМ бара пратениците да го изгласаат Амандманот за 2806 денари покачување на платите

14 столчиња колку што брои членови комисијата за финансирање и буџет пред Собранието. ССМ на синдикалните столчиња ставија жолт картон за оние пратеници кои првиот пат го одбија Амандманот, испраќајќи ја порака дека следниот чекор е јавно барање оставка од оние пратеници кои нема да го изгласаат Амандманот за зголемување на платите од 2806 денари во матичната комисија.

Ние јавно ќе побараме со име и со презиме оставка од тие пратеници бидејќи ако дигнат рака за „не“ ќе кажат дека не се за на работникот и не се за народот во овие тешки моменти. Затоа колеги пратеници сфатете си ја работата сериозно, македонскиот работник очекува денеска да го изгласате амандманот на ССМ покачување на платата за 2.806 денари на сите од 1-јули“, изјави претседателот на ССМ, Дарко Димовски од пред Собранието.

Доколку исходот од Собрание биде „НЕ“, штрајкот во јавниот сектор ќе продолжи. Сигналите кои доаѓале од органите на власта биле дека платите ќе се усогласуваат од септември. Од синдикатот предупредуваат дека ова е неприфатливо и ќе испровоцира дополнително незадоволство:

Онаму каде ќе има странска делегација , работникот ќе биде на улица и ќе блокира. Ние овде се бориме за својот леб, порача Димовски.

Амандманот кој треба да се најде на Дневен ред по втор пат го поднесуваат од пратеничката група на ВМРО- ДПМНЕ. ССМ до сега на протестите доби поддршка само од опозицијата, а за власта ветеното покачување од 2806 денари стана само АД Хок решение.

Кристина Алексиеска

Поврзани вести