Српски медиуми: Боки 13 со закани кон Заев и Харадинај!

Знам како крадат Заев и Хараднај! Ако не ме пуштите од тука, ќе објавам бројни докази за криминални врски за режимите во Скопје и Приштина, ова е најновата закана која според Информер.рс ја упатил Боки 13ка од Шутка преку српските медиуми.

Во најновиот број на Informer на насловната страница осамна фотографија од Боки 13ка, а веднаш до него монтирани македонскиот премиер Зоран Заев и косовскиот премиер во оставка Рамуш Харадинај, а она што е највпечатливо е заканата на Јовановски која е испишана на насловната страна на весникот.

Но ова не е прв закана која според српските медиуми, е упатена од 13ка. Заканите ги упатува Боки 13ка , првоосомничението во случајот Рекет од Шутка засилуваат. Тој пред само неколку дена преку српски Курир наводно Јовановски упатил закана дека доколку му фали влакно од главата ќе паднеле многу политичари, односно ќе паднела Владата на Заев.

„Ако ме убиете, ќе паднат и многу политичари, а тука мислам на Заев и неговата Влада. Имам докази против нив и државниот врв. Се е од прва рака. И се оставив на сигурно, кај мајка ми и на неколку други адреси. Ако нешто ми се случи, ако ме убиете, обесите и се осмелите тоа да го претставите како самоубиство, ако ме тепате, мачите, застрашувате, со убаво ви кажувам, да не биде после дека не сте знаеле. Во Македонија ќе се случи политички земјотрес. Ќе се отвори Пандорината кутија, никој нема да биде поштеден, само ако ми падне влакно од главата.

Оваа порака беше упатена преку весник на групацијата, Адрија Медиа Груп, моќна медиумска групација, во кој покрај другите медиуми спаѓа и македонскиот дневен весник Слободен печат.

Слободен печат беше во фокусот на јавноста изминатиов период заради оставката на главниот уредник на весникот, Бранко Геровски. Тој откако си замина од весникот стана мета на јавноста, но и на политичарите оти започна со серија на новинарски текстови кои укажуваа на рекет во Македонија.

Мери Ѓорѓиевска