Среќа во несреќа: Се урна чардакот на Потпеш, во моментот немало минувачи

Се сруши чардакот на плажата Потпеш кој е дел од угостителскиот објект и се наоѓа на атрактивна и доста фреквентна локација, бидејќи жителите на стариот дел секојдневно поминуваат од тука за да стигнат во центарот на градот. Среќа во несреќа е што во тој момент не проаѓал никој, бидејќи ќе се случеше трагедија. Ова зборува дека плажите кои две лета останаа без концесионери се небезбедни и скапуваат. Ваквите последици ги предочив,вели довчерашниот концесионер на плажата.

Негрижата, објект без домаќин можеше да доведе навистина до една трагедија,затоа мислам дека ова е последна опомена дека сите ние треба да превземе соодветни чекори како во однос на безбедноста на луѓето, така и во однос на односната причина поради која беше направена плажата.Апелирам прво до несовесните граѓани кои доведоа до ова,секојдевно се собираат овде групи на младинци  несовесни палат огнови,дел од конструкцијата  на чарадакот беше и пред ова оштетена, уништена со неа палат огнови и затоа дојде до паќање на чатијата, изјави Митко Пендов, поранешен концесионер.

Сликата е очајна, целиот објект е искршен и риуниран,послан со шишиња,лименки,шприцеви, делови од облека. Набрзо истата судбина ќе ја доживеат и другите објекти вели Пендов и апелира до надлежните еднаш за секогаш да се реши прашањето со  концесионирањето на плажите. За ова се огласи и градоначалникот Пецаков, критикувајќи го начинот на кој со кој плажите постапи претходната локална власт.

Започнаа со рушење на плажите и ги ставија вон функција без да се понуди никакво решение за веќе постоечките, или да се реши што понатаму со истите.Притоа неколку објекти се оставени сами на себе и се случи вчера тоа што се случи.Добро е што понима без последици и човечки жртви, рече Кирил Пецаков Градоначалник на Охрид.

Дел од невладните реагираа дека објектот кој се сруши не бил стабилен,што концесионерите го отфрлаат, 15 години велат работевме на чардакот каде се качуваа по 100 луѓе дневно, ги имавме сите потребни дозволи и елаборати.Ако бил објектот небезбеден, како во 2018-та плажата беше дадена на јавно наддавање заедно со објектите,прашуваат крајно изреволитирани концесионерите кои сега немаат законско право да ги санираат направените штети.

Росица Голабоска

Advertisements