Средношколци од Битола создадоа урбана еко- герила

Ученици од Средното медицинско училиште во Битола, предводени од нивната класна раководителка  која е иницијатор за создавање урбана еко- герила,  од пред една недела започнаа да го чистат ѓубрето на дивите депонии во градот. Минатиот пат го исчистија просторот пред  Домот за доенчиња, а денеска  околу новиот пазар. Сега им се придружија и други граѓани, кои сметаат дека граѓанскиот активизам е одговор на инертноста од надлежните инстутции на локалната власт.

Иницијаторот и мотиваторот на овие акции е професорката Марија Магдалена Петковска- Микаровска, а учениците направија едно прекрасно лого “Мети си со класнето“, кое е вистински хит на социјалните мрежи.Гледаме како развините земји одат напред, а првото нешто што треба да го направиме е да го исчистиме ѓубрето, ако сакаме и ние да одиме напред. Сакам да ги мотивирам учениците и да осиме со овие акции напред. Зборот акција не би требало да биде употребуван, ова треба да ни биде скојдневна обврска и секојдневие, за да се исчистиме бидејќи стигнавме до дното- рече професорката Марија магдалена Петковска- Микаровска.

Според бројот на учесници во денешна урбана  герила, очигледно дека оваа еко- кампања ќе добива с`е поголем замав. Кога власта сериозно заостанува зад граѓанските иницијативи за чистење на ѓубрето, градењето на свест за здрава животна средина и битка против загадениот атмосферски воздух, младите медицинари го прават вистинскиот чекор, за поттикнување на граѓаните, но и за надлежните институции, пред се.

Петар Стефановски