Среде криминали, скандали, корупција, уставните измени остануваат високо на владината агенда

Уставните измени со кој се условува Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, повторно чекор напред назад два. Иако владата најавуваше дека неделава амандманите ќе ги испрателе во Собрание, сепак нема да стигнат, оти како што информираат, сакале да ја зацврстат инцијативата пред да стигне пред пратениците.
За лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски уставните измени се завршена тема, вели оставаме простор за евентуален дијалог ,но само ако Ковачевски прифати некои од нашите два предлога, каде уставните измени се со одложено дејство, или пак одржување на предвремени избори на три датуми есеноска.
Имаат два предлога на маса, треба да излезат со јасен став, кои од тие два предлога, за нив е прифатлив. Ќе ги повторам уште еднаш, иако таа тема е затворена, но на роденденскиот говор по поводт 33 години од ВМРО-ДПМНЕ, многу прецизно кажав дека ја оставам вратата подотворена, ако Владата се одлучи да избере, некои од овие два предлога, подготвени сме да разговараме. Првиот предлог е евентуални уставни измени со одложено дејство , односно откако ќе станеме членка на ЕУ, или избори на есен, на предложените три термина 24 септември, 1 или 8 октомври.., изјави денеска Христијан Мицкоски – претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Иако од Владата не кажуваат дали и кои од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифатат, оти без претениците на опозицијата, отворањето на Уставот е невозможно, премиерот инсистира ВМРО-ДПМНЕ да учествувале во работни групи токму за уставните измени.
Сега останува, ВМРО-ДПМНЕ да остане на ставот искажан и потоа да се седне на ниво на работни групи, ние веќе имаме формирано и тука да се договорат деталите. Знаете имаше модалитети, кога би се направиле владата, гласањето, но мислам дека се тоа е надминливо со цел да обезбедиме европска иднина на граѓаните, изјави Димитар Ковачевски – претседател на Владата.
Инаку како што беше предвидено целата процедура околу уставните измени би требало да заврши во ноември, но уставните измени никако да стигнат до Собранието, Ковачевски најпрво велеше дека не се испратени оти иницијативата се наоѓа на техничка работа во службите, па потоа ќе била пратена, за денеска вицепремиерот Маричиќ да изјави дека го зацврстувале образложението на иницијативата. Дали одложувањето за испраќање во Собранието е само купување време, оти ќе почнат да течат роковите, а СДСМ нема обезбедено претеници за промени во Уствот, не се знае.
Дел од професорите по уставно право се жестоки критичари на начинот на кои бугарите би се нашле во напиот Устав, но дел пак од нив, од целиот процес велат не требало да се рпави голема работа. Академикот Кабмовски истакна “ ние со, таа иницијатива всушност за внесување на Бугарите во Преамбулата на Уставот тропаме на отворена врата, бидејќи тие се внесени во Уставот како заедница затоа што во преамбулата постои генерална клаузула која зборува за други народи, односно заедници, посочи академикот.
Мери Симоновска