НАЈНОВИ ВЕСТИ

Средба Мицкоски-Гир: Македонија стои во место, власта ја доведе земјава во безислезна состојба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска имаше среба со евроамбасадорот, Дејвид Гир.

На средбата се разговарало за актуелната економска и политичка состојба во Македонија, како и реформите кои Македонија треба да ги спроведе, а кои се важни за нејзиниот пат кон ЕУ.

„Мицкоски на средбата истакна дека македонската економија од ден во ден тоне, граѓаните стануваат се посиромашни, а власта не е способна да им помогне на граѓаните и бизнисот за време на кризата, а потенцираше дека власта ниту има капацитет, а ниту има желба да ги спроведе реформите, наместо тоа сведоци сме на секојдневни криминални афери, високо ниво на корупција и заробено правосудство за што потврда доаѓа од релевантни меѓународни институции, но и од земји стратешки партнери на Македонија“ се наведува, меѓу другото, во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.