Средба во Тирана: Дали Еди Рама е последната надеж за Димитар Ковачевски?!

Во Тирана за збивање на редовите во пратеничките групи на ДУИ и СДСМ во пресрет на евентуалното гласање на уставните измени. Ова ќе биде можеби главната тема на разговор меѓу албанскиот премиер Еди Рама и лидерите на албанските партии од Македонија, анализираат албанските медиуми.

-Политичката стабилност пред отворањето на процедурата за уставните промени во Македонија би можела да биде една од темите на разговорите на средбата на албанскиот премиер Рама со лидерите на албанските партии од Македонија. Парламентарните групи на СДСМ и ДУИ не се компактни: има пратеници бунтовници и во ДУИ и во СДСМ, велат од ТВ Клан Албанија.

Според одредени познавачи пак ова ќе биде само средба за сликање со цел кревање на рејтингот на Рама и Ахмети, презентирајќи ги нив како лидери на Албанците во регионот. Според сопственикот на порталот Лајм Фејзи Хајдари, оваа средба нема да донесе ништо повеќе од обично сликање.

Надополнува дека може и да претставува обид за спас на Али Ахмети, што веќе еднаш се случило пред шест години со Тиранската платформа, која беше тогаш услов за интегративците да влезат во Влада, а сега е речиси целосно исполнета. Според Хајдари лидерот на ДУИ сега се наоѓа во најтешката ситуација од постоењето на партијата, поради судирот со фракционерите, но и борбата против корупцијата.

-Средбата во Тирана нема да донесе ништо посебно и важно. Сѐ ќе биде само бла, бла, бла… Таа ќе му овозможи на Рама да се покаже дека е божем ’лидер на Албанците’ во регионот, а на Али Ахмети оти е ‘неспорен лидер во Македонија’. Повеќе е од апсурд и е многу наивно и дилетантски да се оди во Тирана, само за да се направи една фотографија со Еди Рама, вели Хајдари.

Официјално поканата за средбата во Тирана ја прифати и Алтернатива на Африм Гаши. Од таму потенцираат дека како партија на иднината се подготвени да разговараат со секого, ако темите се важните прашања кои ги загрижуваат Албанците во Македонија. Иако првично ја одби понудата во Тирана ќе замине и Билал Касами, но нема да седне на маса со Ахмети.Оваа средба на која што се поканети сите лидери на албанските партии ја иницира албанскиот премиер Еди Рама, во период кога главна цел на власта во Македонија се уставните измени.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста