Србов: Уставите измени и помирувањето не треба да се поврзуваат

Уставите измени и помирувањето не треба да се поврзуваат, тоа му одговара на премиерот, но не смее да се поврзуваат, вели аналитичарот Никола Србов. Тој додава дека ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во оваа фарса која ја спроведува власта за наводно помирување.

– Ќе се обидеме законот за амнестија кој веќе го предложивме да помине во Собрание. Бидејќи за да дојде до помирување мора тој закон да ги опфати сите учесници во 27 април. Во друг случај нема помирување туку поделба, истакна Србов кој потенцира дека уставните промени кои произлегуваат од договорот со Грција не треба воопшто да се поврзуваат.

Според него, прашањето за помирување се отвара само кога на власта тоа ѝ е потребно, кога и се потребни тројца пратеници кои беа во редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-Има селективност кај власта затоа што премиерот Зоран Заев сака да ги ослободи тројцата пратеници кои со намера овозможиле толпата народ да влезе во зградата на Собранието на Република Македонија, а притоа во затвор да седат луѓе како  дедото кој ја повлече Шекеринска за коса, вели Србов.

Вечерва на тема „Може ли национално помирување без амнестија за сите инволвирани во 27 април 2017?“ со Искра Коровешовска дебатираат Ивон Величковски, претседател на Либералната Партија и Никола Србов од ВМРО-ДПМНЕ.