„Србијаводе“ воведе вонредна одбрана од поплави во целата земја

Србијаводе денеска воведе вонредна одбрана од поплави на територијата на цела Србија, изјави за Танјуг директорот на компанијата Горан Пузовиќ.

Вонредната одбрана е воведена поради актуелните прогнози за пораст на водостојот на територијата на Србија кои ги издаде Републичкиот хидрометеоролошки завод.

Најавено е дека се очекуваат значајни врнежи кои можат да предизвикаат излевања и поплавувања на сливови на сите речни текови на сите водни подрачја во надлежност на ЈВП Србијаводе, соопшти компанијата.

На некои подрачја, според известувањата добиени од надлежните служби, веќе се евидентирани излевања и поплавувања