НАЈНОВИ ВЕСТИ

Србите покажаа како илјадници срца чукаат како едно – моќни пораки од протестот во Штрпце

Херојските рани на Стефан и Милош Стојановиќ и Стефан Томиќ не споија, Курти нема да ти простиме, Стефан срце српско јуначко, Косовска каменица е покрај браќата од Штрпце – вакви пораки испратија неколку илјади срби на протестот во Штрпце. Политичката партија на српското малцинство во Косово, Српска листа, организираше протест поради бруталните обиди за убиство на српските момчиња но и континуираната антисрпска репресија на режимот, на косовскиот премиер Албин Курти. Србите денеска се собраа затоа што ги натера маката, бидејќи се принудени да страдаат – порача градоначалникот на Штрпце Далибор Јевтиќ и побара меѓународната заедница конечно да го вразуми Курти.

Стефан и Милош покажаа дека храбрите се храбри, бидејќи не ги спуштија главите кога се пукаше кон нив. Овој број на луѓе го покажува нашето единство на оние кои сакаа да не избркаат. Наместо традиционалната православна прослава на Божиќ, моравме да протестираме против пукањето на Стефан и Милош. Зошто? Затоа што тие се Срби – изјави Јевтиќ.

Србите од Косово водат борба на мирен начин со демократски средства – изјави првиот човек на Српска листа.

Нашата слога е најјако средство да се избориме против диктаторскиот режим на Албин Курти. Ако сме обединети и сложни ќе победиме. За нас не постои друг избор. Ние мораме да останеме и опстанеме, како што нашите предци останале во многу потешки услови. И за тоа имаме поддршка од претседателот Александар Вучиќ – изјави Ракиќ.

На протестот се приклучија Срби од речиси секој дел на Косово и Метохија – сите обединети во една цел – да се изборат против континуираниот прогон на српскиот народ. За нив, Божиќ ќе остане запаметен како ден кога Србите повикале на мир, но и ден кога се пролеала невина српска крв.

Во меѓувреме, КФОР го одби барањето на Србија за враќање на српските безбедносни сили во Косово. Тоа го соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. Српските власти на средината на декември до канцеларијата на мисијата на НАТО на Косово, КФОР, испратија барање за враќање на 1000 припадници на војската и полицијата на Србија на Косово. Вучиќ вели дека очекуван бил ваквиот одговор иако според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН) немале право да го одбијат тоа барање.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста