Спортски објект за четири села во Светиниколско
За прв пат учениците од четири села во Светиниколско добија спортски објект. Денес свечено беше пуштена балон салата во ОУ“Даме Груев“во село Ерџелија. Проектот чини 9 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Свети Николе.
“Досега немаше никаков спортски објект, каде децата ќе може да спортуваат. Верувам дека не само што ќе се развива спортскиот дух кај децата, верувам дека и спортисти од Свети Николе ќе доаѓаат за да вежбат овде“-рече Дејан Владев, градоначалник на Свети Николе.
Отварањето на балон сала во село Ерџелија е дел од предизборните ветувања на градоначалникот на Свети Николе, рече преседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Микоски кој присуствуваше на денешниот свечен чин.
“Градоначалникот на Свети Николе, заедно со неговиот тим покажува исклучителна посветеност, храброст, чесност, работливост и можам да кажам дека огромен процент од проектите ветени во предиозборната кампања се реализирани “-рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Градоначалникот Владев, најави низа на проекти со кои ќе се подобри животот на жителите во село Ерџелија, но и во останатите села во свертиниколско. За наредната година најави и изградба на градинка.
Александра Ристевска