Според Трамп, Непал и Бутан се дел од Индија

мериканскиот претседател Доналд Трамп погрешно ги изговори имињата на двете држави, Непал и Бутан, и притоа ги прогласи како да се дел од Индија, за време на состанокот во Белата куќа со претставници на разузнавачки служби.

– Трамп го изговори Непал како „Нипл“ (nipple – брадавица), Бутан како „Батн“ (button -копче). За двете држави дури рече дека се дел од Индија, изјави дописникот на „Тајм“, Џон Волкот.

Волкот посочи дека на брифингот со разузнавачите имало „разни работи“.

– Првата работа е незнаењето на претседателот, рече Волкот.