Според ММФ македонската економија ќе расте 3% годинава, Заев очекува 4% само во првиот квартал

По Светска Банка и Меѓународниот монетарен фонд контра Владата. Во најновиот глобален извештај ММФ проектира дека земјава ќе оствари економски раст од 3%. Иако тоа е зголемување на проекцијата од 2.8 отсто што фондот ја даде минатиот ноември, сепак е пониска од владината од 3.2%. И покрај катастрофалната реализација на капиталните инвестиции од само 3 и пол отсто во првите два месеци, премиерот минатата недела рече дека градежните работи биле во полн ек и дека она што го планирале можело и да се натфрли. Раст од 4% очекува во првиот квартал. За потсетување, ММФ проектира раст од 3.5% дури во 2024-та година.

Од организацијата на работодавачи веќе предупредија дека економијата не може да расте ако индустријата стагнира, а врз стопанството се удри со ново покачување на минималната плата. Германските инвеститори веќе ја оценија работата на Владата со нула, а стопанските комори побараа надлежните навреме, најдоцна до средината на тековната година да објавуваат кои давачки ќе се зголемуваат од секоја наредната година за да можат навреме да ги гланираат трошоците.

Според ММФ, поголем економски раст од земјава ќе имаат Косово со 4.2%, Албанија со 3.7%, Србија со 3.5% и Бугарија со 3.3%, а понизок Црна Гора со 2.8 и Хрватска со 2.6% раст. Инаку ММФ ја намали проекцијата за глобален раст од 3.3%м најниска проекција од 2016-та година. Причините за слабите перформанси што се очекуваат се трговските тензии какко последица од излезот на Британија од Унијата, како и трговските војни на најсилните економиии.

Тања Попова