„Сплотени срца“ не се откажува од рехабилитацискиот центар за лица со попреченост во Штип

Штипското здружение „Сплотени срца” не се откажува од идејата Штип да го добие првиот рехабилитациски центар за лица со попреченост во источниот регион. Проектот е веќе изработен на хартија, сега се бара само парцела каде истиот би се градел. Во овој центар со разни техники и програми би се вршело рехабилитација на деца и возрасни, а ќе се вработат и лица со посебни потреби со повисока функционалност.

Во Штип има два центри за лица со посебни потреби, но Мијалков вели дека не ги исполнуваат елементарните услови, па поради тоа голем број на деца си остануваат дома. Центрите кубурат со стручен кадар и програми со кои овие лица би се оспособиле сами да се грижат за себе.

Според пресметките, изградбата на ваков центар би чинела околу 450.000евра, при што 10 до 20% од средствата треба да ги обезбедат самите родители. Пред две години познат штипски лекар на здружението сакаше да им донира земја за изградба на центарот, но поради законски аномалии не успеа во своите намери. Имено локалната самоуправа донесе одлука дека земјиштето кое докторот го купил од Општината за изградба на старечки дом не може да се отуѓува на трето лице и докторот нема право да го подари на здружението, кое беше идеално за изградба на рехабилитациски центар.

Александра Ристевска