НАЈНОВИ ВЕСТИ

Спас од затвор: Кривичниот законик се менува за СДСМ и ДУИ да се спасат од кривична одговорност

Измените на кривичниот законик се кроени така да министрите и директорите на СДСМ и ДУИ се спасат од затвроски казни за сите поголеми тендери и афери од доаѓањето на власт во 2017-та. Од ВМРО ДПМНЕ велат дека владеајчката коалиција добила асистенција од Левица, која не гласала против измените на кривичниот законик со европско знаменце. Пратеничката Ели Панова порачува дека со ваквиот потег, владините коалициони партнери испраќаат порака дека се подготвуваат за заминување од власта и сакаат спас за делата сторени минативе години.

-Овие законски измени се за аболиција на сите министри и директори на СДСМ и ДУИ од 2017-та година до денес, за сите тендери и набавки во РЕК Битола, ЕЛЕМ, Мнав, МВР, буквално за сите кои беа извршители и испумпуваа државни пари во милионски износи. СДСМ и ДУИ се спремаат за опозиција, знаат дека нема да ги имаат Обвинителството и судовите под нивна контрола кога ќе смени власта, вели Панова.

Од СДСМ пак на оваа тема се огласија само преку соопштение. Законските измени биле со цел хармонизирање на кривичниот законик со европското законодавство.

-Ова значи и зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалитетот, што е особено значајно. Измената на Кривичниот законик е и во насока на хармонизација со европското законодавство, бидејќи со неа се постигнува потполна усогласеност со Директивата 2014/42/ЕУ замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист остварени со казниви дела во Европската Унија, велат од СДСМ.

Инаку, новиот кривичен законик беше донесен експресно за само два дена Собранието ги усвои измените со кои се намалуваат затворските казни за најтешките форми на корупција. „ЗА“ гласаа 48 пратеници, „против“ беа 36 од ВМРО ДПМНЕ, додека еден гласаше воздржано. Законот се донесе со европско знаменце, во забрзана постапка.

Матеја Петровски