Спасовски: Имаме нерасчистени убиствa, но не во голем број

Убиството на Денис Тот, неразјаснетите околности под кои почина Јован Витанов, двојното убиство во Топанско и она на Рузвелтова, убиството на браќата Идризи,  се само дел кои со месеци и години. чекаат расветлување. Министерот Спасовски признава дека е така но вели не биле многу.  Институциите според него требало да работат поконсолидирано се од почетокот на истрагата па до самиот крај за да има след на настаните.

Имаме секако нерасчистени убиства и други кривични дела, меѓутоа, не е голем број како што сами најавувате, меѓутоа постојат такви кривични дела… Од аспект на полициското работење, сакам да укажам дека многу посветено, од самиот настан па се до завршувањето на сите елементи во делот на истражната постапка и одговор на сите барања кои што ќе бидат доставени од страна на јавното обвинителство, доследно се спроведуваат… Мораме да бидеме сите потранспарентни, и правосудството, за на крај да забележиме дека за еден конкретен настан имаме крајна одлука, пресуда… рече Спасовски.

За убиството на Денис Тот истрагата се уште трае, а се чекале и извештаи од судска медицина. Тројцата осмничени се во притвор, велат од Обвинителството и наскоро ќе го срочеле обвинението според извештајот од судска медицина кој ќе покаже дали по ударите Тот бил свесен или не, од што ќе зависи квалификацијата на кривичното дело. Убиството чека на расветлување од 7 април. 4 дена  подоцна се појави видео од убиството пред дискотеката, а медиумите во регионот пишуваа дека постојат сомнежи дека виновниците требало да се сокријат, но видеото го смени правецот на истрагата. И министерот Спасовски даваше контрадикторни изјави за локацијата на осомничениот Анџело Ѓоргиевски.

За смртта на 26-годинишниот Јован Витанов, чие тело беше пронајдено на 7 ми јули, обвинителите и судските вештаци не можеа да се усогласат дали модринките на телото на Витанов укажуваа на насилна смрт, како што соопшти струмичкото обвинителство, или не.

А дека бавната правда не е правда, коментираше за Алфа, адвокатот Давидовиќ.

За жал обвинителството работи брзо само во случаи кога треба клиентилистички да послуша определени политички, партиски и други насоки додека за вакви  работи е постојано во исчекување на некои работи па не може..рече Давидовиќ.

За адвокатот не ретка беше сликата кога владата наместо истражните органи ги презема ингеренциите, а обвинителството ја врши судската работа, па оттука за дел од истрагите нема завршница.  

Викторија Миткова

Поврзани вести