Спасовски: Заканите за бомби доаѓаат од адреси во Русија и Иран

ИП-адресите за лажните дојави водат кон Иран и Русија. Министерот Спасовски по пет месеци откри детали од истрагата околу заканите за бомби кои создадоа хaос изминатиов период во стотици инситуции низ Македонија.
„Интензивно работиме на откривање на сторителите. Знаете дека во неколку случаи имавме откриени сторители, онаму каде што можеше да се дефинира кој е тој кој ги испраќа овие дојави. Сега веќе имаме изолирано поголема група со која работиме, очекувам во наредниот период да имаме конкретни ефикасни резултати во овој сегмент.” – истакна министерот Спасовски.
Владата донесе нови протоколи за справување со дојавите, заклучени порти во училиштата, забрана за влез на странки и зголемено обезбедување се дел од мерките. Министерот за образование веќе најави дека се размислува и за игнорирање на е-маил пораките бидејќи не биле официјален канал за комуникација, но министерот за внатрешни работи засега не го потврдува ова.
“Второ, интензивно работиме на откривање за сторители, знаете дека во неколку случаи имавме откриени сторители во кои може да се дефинира кој е тој кој ги испраќа овие дојави. Сега веќе имаме изолирана поголема група со која работиме, очекувам во нареден период ќе имаме конкретни ефикасни резултати во овој сегмент”, рече Оливер Спасовски.
Експертите сметаат дека премногу долго се соочуваме со проблемот, и дека целта на постојаните дојави е да се создаде паника и недоверба меѓу граѓаните. Професорот Златко Димовски вели дека дојавувачите на бомби се охрабрени, оти не можеме да ги откриеме.
“Мора да сфатиме дека сајбер просторот треба соодветно да го заштитиме. Да најдеме модалитети, постојат модалитети , тоа се научно технолошки достигнувања кои треба да ги искористиме кај нас и да понудиме одредени решенија, да инвестираме во сето тоа и во кадар и во соодветни ресурси од материјална природа, за да може да одговориме на соодветни предизвици кои би ги имале во иднина, зашто не верувам дека ќе се застане на ова,” – вели Проф. Златко Димовски.
Од октомври до март, поради дојави за бомби биле проверени 862 локации во Скопје, ангажирани над две и пол илјади полициски службеници и потрошени над 5 милиони денари. Лажните дојави го загрозија и целокупниот образовен процес. А граѓанските инциијативи се заканија со протести доколку Владата итно не понуди трајно решение.
Ања Лукарова