Со 62 гласа “За” Собранието ја изгласа новата влада

По дводневна расправа, Собранието ја изгласа владата предложена од мандатарот, Зоран Заев.

Присутни на гласањето беа 115 пратеници.

„За“ гласаа 62 пратеници, 51 гласаа „против“, немаше воздржани.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ си заминаа по гласањето и не присуствуваа на давањето заклетва на новата влада и на потпишувањето на свечените изјави.

Состав на владата:

Зоран Заев – премиер
Артан Груби – вицепремиер и министер за политички систем
Љупчо Николоски – вицепремиер за борба против корупцијата
Фатмир Битиќи – вицепремиер за економија
Никола Димитров – вицепремиер за европски прашања
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Радмила Шекеринска – министерка за одбрана
Бојан Маричиќ – министер за правда
Благоја Бочварски – министер за транспорт и врски
Венко Филипче – министер за здравство
Мила Царовска -министерка за образование и наука
Јагода Шахпаска – министерка за труд и социјална политика
Ирена Стефоска – министерка за култура.
Аријанит Хоџа – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Горан Милевски – министер за локална самоуправа.
Бујар Османи – министер за надворешни работи
Фатмир Бесими – министер за финансии
Крешник Бектеши – министер за економија
Насер Нуредини – министер за животна средина
Јетон Шаќири – министер за информатичко општество и администрација

Поврзани вести