});

Со фотоизложба започна одбележувањето на јубилејот на НП „Пелистер“

Во пресрет на седумдесетгодишниот јубилеј на Националниот парк “Пелистер“, денесека во фоајето на Центарот за култура во Битола е отворена изложба на фотографии со пејсажи и мотиви од овој планински убавец на доајенот на битолското новинарство и фото- репортерство Петар Ставрев, со наслов “Убавините на Пелистер“. Со оваа изложба во која се поместени сто фотографии на пејсажи од пелистерските вертикали, Ставрев како долгогодишен планинар, заокружи бројка од педесет фото- изложби во кои го вгради својот репортерски ракопис.

  • Претстојувајќи низ повеќе планини во македонија, на Балканот и на Алпите,конципирав одреден број на фотографии за изложба, така да имам реализирано педесеттина изложби со тема УБАВИНИТЕ НА ПЛАНИНИТЕ, посебно з аПелистер во кој ние битолчани сме вљубени од срце- рече авторот на изложбата Петар Ставрев.

Националниот парк “Пелистер“ кој деновиве ќе ги одбележи седумте децении постоење, со својата флора и фауна и пред с`е петиглестиот бор “молика“, претставува составка од најзначајните феномени на природата во светски рамки.

  • За неполни два дена треба да се случи седумдесетгодишнината на Националниот парк “Пелистер“, кој во далечната 1948 година беше пропгласен за прва национален парк на тогашните простори на бившата Југославија, но и пошироко. Тој е тринаесетти парк прогласен во Европа по Втората светска војна и воопшто од парковите. Заради тоа, ние сме многу горди, зашто нашиот град го има токму Пелистер- рече Пеце Цветановски, раководител во НП “Пелистер“.

Во моментов, како дел од меѓународен проект за мониторинг во националниот парк, поставени се камери на Пелистер за релевантно  утврдување бројноста на три крупни цицачи- мечката, волкот и рисот.

Петар Стефановски