Со три неисплатени плати вработените во Водостопанство Брегалница излегоа на протест

Вработените во Водостопанство Брегалница утринаtа повторно излегоа на протести. Од раководството бараат одговор на прашањето кога ќе ги добијат трите заостанати плати.  Се сомневаат дека и исплата на четвртата ќе биде проблем..

„Не ни беа исплатени три плати. Мислиме дека и четвртата ќе биде проблем. Ова е мал мирен протест. Се собравме овде бидејќи немаме никаков одговор ниту од раководителот, ниту од другите надлежни кои се одговорнни за нашата подружница, но и за останатите подружници„-изјави Драга Петрова-вработена во АД„Водостопанство-Брегалница„

Незадоволни се што и покрај релизирањето на работните задачи во најголемата економска криза се оставени на цедило. Стравуваат за својата егзистенција, бидејќи со три незсемени плати не знаат уште колку ќе можат да издржат..

  „Има околу 500-600 вработени. Сите подружници немат земено три месеци плата , а за една недела ќе доспее и четвртата. Во оваа тешка економска криза тешко е да се сервисират услугите на вработените, а уште потешко да си ги прехраниме семејствата. Состојбата е стварно загрижувачка„-изјави вработена во кочанската подружница.

Вработените се незасоволмни затоа што наплатата на водниот надоместок се реализира одлично, со над 90отсто, а тие не земаат плата. За неполн месец ова е втор протест на вработените во кочанската подружница на Водостопанство

Александра Ристеска