Со скратен буџет почнува 48-тиот национален фестивал на изворни инструменти и песни „Пеце Атаносовски“

Со преполовено добиените средства од вкупно побараните 1.270.000 денари од Министерството за култура, утре и задутре, во Прилеп и Долнени, по 49-ти пат ќе се одржи Националниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Според организаторите, љубовта и ентузијазмот по секоја цена овој Фестиваал да продолжи да живее, се неговиот основен лајт-мотив, а не финансискиот бенефет, кој бил минимален.
„Конкретно баравме милион и двеста шест-седумдест илјади денари, а ни доделија 750.000 денари. И сега од тие, почнуваме да кратиме. Интелектуален труд – илјада денари сума е ?! Меѓутоа, еве и тие не се откажуваат од Фестивалот. Едноставно, го сакаат Фестивалот“, – кажа Донка Бачанова, секретар на Фестивалот.
На дводневното фестивалско случување чие мото е “Изворната музика не’ одржа“, ќе се претстват 300 учесници од земјава и странство. Организаторите велат дека интересот бил и поголем, но заради ограничените средства, и оваа бројка на учесници била и повеќе од задоволителна, бидејќи главната поента на Фестивалот е изворната македонска песна да остане жива, особено сега кога и иселувањето од селата веќе си го земал својот данок.
„Ние бевме фрапирани од некои поединци кои досега не ни се појавиле на фестивалот. Затоа, тие селекции сме ги правеле на повисоките планини, на „Бабина баница“ и на некои други манифестации каде што доаѓаат аматери, кои првпат се судруваат со оваа наша проблематика. А пееле во својата изворна средина, пееле и свиреле, и настапувале. Е, сега наеднаш изразија желба да дојдат и на Фестивалот. Ние имавме три бабички кои навистина растураат, знаат изворни стари песни, жетвраски и сите обичаи и обреди кои ги негувале во свое време и биле носители на тие музичко-фолклорни содржини“, рече проф. д-р Родна Величковска, уметнички директор на фестивалот.
Во рамките на Фестивалот, освен настапите на учесниците кои ќе се одржат на Камената бина во Прилеп и на „Рудина“ во Долнени, ќе се одржи и Симпозиум на тема „Фолклорот во минатото и денес-промоција на Зборник на трудови“. Фестивалот „Пеце Атанасоски“ е од меѓународен карактер и е единствен од тој вид во земјава и на Балканот.
Каролина Дурло