Со свој камен по своја глава: Со македонски државни пари ќе ја финансираме бугарската дијаспора ако поминат уставните измени
Државата која не го признава своето македонско малцинство во Бугарија, сега ќе мора да финансира бугарски антимакедонски движења. Тоа е една од обврските кои што Македонија ги презема со евентуалните уставни измени. Според Уставот државава е должна финансиски да ја помага дијаспората на малцинските заедници, а по евентуалните измени тоа ќе станат и Бугарите во земјава. Тоа предизвикува посебен гнев кај Македонците од другата страна на источната граница, кои никогаш досега не виделе никаква помош од македонските власти.
-Поскоро ќе се во прашање антимакедонски организации создавани од Софија, кои што сега Софија ќе сака да ги префрли на македонскиот буџет, т.е. на товар на македонските граѓани, па да прават така што Македонија и Македонците да плаќаат за да се прават Бугари, нели финансиски да се освестуваат одредени луѓе и да работат практично против македонската нација. Бугарија ќе се стреми да ја претвори Македонија во втора бугарска држава, мислам тие не го кријат тоа, изјави Стојков.
Првиот човек на ОМО Илинден Пирин вели дека односот на македонските власти кон Македонците во Бугарија е во најмала рака е срамен. Вели никогаш немале поддршка од државава, а капак на откажување од нив биле потписите на договорите со Бугарија од страна на Љубчо Георгиевски и Зоран Заев.
-За нас Македонците од Бугарија односите со државата Македонија се сведуваат на тоа дека ние сме предавани, продавани и заборавани. Срамота е што ние од тука, слабо малцинство ја штитиме Македонија, кога таа не само што нас не не штити, туку и себеси не се штити, но тоа е тажната реалност во која што ние живееме. Македонија имаше обврска уште во 90-тите години со нејзиниот Устав да се грижи за своите малцинства зад граница, но тоа никогаш не го направи. Македонија треба да се засрами од тоа што го прави со Македонците во Бугарија, изјави Стојков.
Покрај финансирање на бугарските здруженија, согласно Законот за правата на задниците кои се помалку од 20 проценти Бугарите во држава ќе добијат право на државно вработување согласно процентуалната застапеност, образование на бугарски јазик, како и медиуми на бугарски јазик.