});

Со претставата „Реалисти“ ќе завршат „Денови на српската култура во Република Македонија“

Претставата „Реалисти“ според текст на белградската авторка Јелена Кајго, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ утре и задутре премиерно ќе биде изведена во Македонскиот народен театар.

Со „Реалисти“ ќе биде крунисана годинашната манифестација „Денови на српската култура во Република Македонија“ во организација на Српскиот културно-информативен центар „Спона“.

Дел од проектот се и екипа на млади актери од Македонија – Ивица Димитријевиќ, Нина Деан Гачиќ, Владимир Петровиќ, Ивана Павлаковиќ, Стефан Вујисиќ.

Станува збор за драма која третира повеќе современи теми: оттуѓеноста на луѓето, нивната трка по финансии и престиж, борба за „успех во животот“ по цена на нарушено здравје, отсуство на емоции и љубов, нечовечност….

Покрај претставата „Реалисти“, манифестацијата „Денови на српската култура во Република Македонија“ се заокружува и со ликовна и фото изложба на делата на сликарите: Мирослав Масин, Микица Трујкановиќ, Љубица Мијалковиќ, Лидија Вујисиќ, Мирко Вујисиќ, Јовица Мијалковиќ, со фотографиите на Боре Рудиќ, Јасна Суша и Лука Суша и карикатурите на покојниот Дарко Марковиќ – Дар Мар.