Со помалку пари, подобро се живееше пред неколку години

Со помала плата граѓаните подобро живееа . Покачувањата со ко се фали власта ги изеде инфлацијата. . Цените за четири години скокнаа енормно . Ако во 2019 година масло за јадење се продаваше и за 50 денари, сега не може да се најде за помалку од 70 денари, кашкавалот на пример можеше да се купи за 250 денари за килограм, сега чини и до 480 денари во различни маркети . Ако табла 30 јајца за Велигден во 2019 чинеа 160 денари, сега 10 јајца чинат најмалку 100 денари. Порано немаше, ама некако се крпеше, сега е ужасно коментираат граѓаните
Ако во 2019 година биле потребни 33.086 денари да се задоволат потребите на едно четиричлено семејство, а просечната плата била 25.270 денари , сега потребни се речиси 50.000 денари , а просечната плата стигна 34.925 денари . Што значи дека ако сега заработувате просечна плата, ќе ви недостигаат уште 14 100 денари, а во 2019 недостигале 7.816 денари. Според јавно достапните податоци пред пандемијата, па и во екот на пандемијата помалку пари биле потребни за да се задоволат дел од основните потреби. Најмногу пари граѓаните трошат за храна и пијалаци. Во мај годинава потребни биле 19.532 денари, а во мај 2019 13. 979 денари.
Освен високите цени и високите сметки кои ги плаќаат граѓаните, најверојатно нов удар ќе имаме од први јули кога треба да стартува новата цена на струјата . Со оглед на тоа дека се враќа ДДВ-то на 18 отсто од досегашните 10 сметките ќе се посолени барем за 8 проценти, ако не се најде друг механизам да се ублажи ова. Премиерот Ковачевски уверува дека нема да се дозволи ценовен шок за граѓаните и дека Владата ќе продолжи да ја субвенционира цената на струјата
Се уште се чекаат финалните пресметки од ЕСМ од што и најмногу ќе зависи истата, по што РКЕ ќе ја соопшти новата цена на струјата .
.
Кристина Алексиеска