Со палење на маските и василичарско оро – завршува карневалот, вевчанци го избркаа злото за среќна и бериќетна година

Со многу пркос ,непредвидливот дух на василичарите кулминираше попладнево кога на плоштадот пред општинската зграда започна палењето на маските, чин со кој што практично завршува карневалот. Изгореа маските кои ја отсликаа македонската реалност,огнот ја стопи енергетската криза,криминалот, корупцијата,францускиот предлог,комлицираниот влез на земјава во Е.У.а ги зафати и партиските вработувања како и нереализираните децениски проекти. Иако шеговито, сепак беа сериозни критиките упатени на адреса на политичките партии и лидери.

Карневалот го прави Вевчани се поатрактивна туристичка дестинација. Странците кои доаѓаат на карневалот, остануваат и повеќе денови од предвиденото. За нив се интересни и древните обичаи кои го пратат Свети Василиј,а вевчанци ги негуваат.Грчкиот фотограф Вретакос Александрос, 8 години по ред доаѓа за да го доживее карневалот одблиску и сето тоа да го оживее преку неговите фотографии.

Како да сме на некој филм кој го гледаме,чувствувам како да ја допирам душата на карневалот кој живее со будни очи цели 3 дена. Она што ми се допаѓаа во Вевчани е автентичноста која е тешко да се задржи во оваа ера на промелив свет.Вевчани ја чува својата  автентичност и ја гледа иднината преку својата традиција.

За вевчанскиот карневал кој надалеку ја прочу најмалубројната општина во Македонија слушнала и 13 годишната Ана која со своите родители пребегала од завојуваната Украина и сега живее во Охрид.

Да заврши војната побрзо, Русија е лоша, слава на Украина. Убаво ти е овде? Да убаво, многу убаво е на карневалот.

Најстарата карневалска традиција кај нас,е карактеристична по уникатните маските кои се држат во тајност и непредвидливиот креативен дух  на василичарите. Откако постои Вевчани,од тогаш постои и карневалот.

Има пишани информации кои тоа го утврдуваат,но се верува дека е стар колку и самото село Вевчани,но има археолошки податоци кои упатуваат и на старост дури до 2.200 година,така што ова е долговековна традиција која Вевчани ја задржало онака како што секогаш се славела.

Постарите вевчанци кажуваат и дека порано само мажите ставале маски, додека жените затскриени од прозор љубопитно набљудувале. Сега се маскираат 40 проценти од населението- со топла ракија и греано вино, лесно се издржува, велат вевчанци.

Росица Голабоска

Advertisements