Со многу предивици и без учебници за четири генерации, почна новата учебна година

Околу 255 илјади основци и средношколци денеска ја почнаа учебната година во која наставата, по две пандемиски години, стартува без антиковид – протоколи и заштитни маски, но со многу други проблеми. Клучниот, за учениците од прво, второ, четврто и од петто одделение учебниците се уште не се готови.

Одекна првото училишно ѕвонче во основните и средни училишта низ земјава. Радост, смеа и детски џагор се слушаше низ уличишните дворови на стартот од новата учебна година. Со свечена церемонија, во основните училишта беа пречекани најмалите, а топло добредојде освен родителите им посакаа и наставниците. Највозбудени беа првачињата за кои денеска стартува една нова образовна приказна. Родителите како да беа повозбудени од нив.

  • Многу сме возбудени. Мислам дека сме дури и повеќе од нашите деца, зашто сепак правиме се за нив. Јас сум мајка, еве и татковци и баби и дедовци, сите сме со своите деца на првиот школски час, велат родители за Алфа.

Од раководството на ОУ Мирче Ацев од Ѓорче Петров велат дека и покрај сериозна финансиска криза спремни се за почеток на новата учебна година.

Во меѓувреме, за едни добар, но за други ученици не толку добар старт на учебната година. За четири генерации ученици нема испечатено книги.

Првачињата, децата од второ, четврто и петто одделение наместо од учебници ќе учат од материјали кои ќе им ги обезбеди ресорното министерство. Кога учебниците ќе добијат книги, се уште никој уште не знае, зашто биле во завршна фаза, односно кога ќе поминеле низ повеќе филтри поради новите содржини.

На првиот училишен ден, добар дел од учениците ги земаа и сведителствата од минатата година. Надлежните потфрлија и во овој дел, па така учениците дури денеска можеа да се пофалат со одличните оценки.

Не само со учебниците. Во дел од училиштата проблем се и капацитетите. Родители на ученици од 4-то и 5-то одделение во ОУ „Владо Тасевски“ се пожалија дека нивните деца ќе морале да одат само во втора смена.

  • Ние како родители бараме организирање наставата на начин кој нема да биде дискриминаторски за било која генерација на ученици. Сметаме дека училиштетот е тоа кое треба да пронајде начин да ги задоволи своите зголемени капацитативни потреби бидејќи овој проблем се провлекува со години, а училишната управа нема ни план за справување со овој проблем. Напротив, стихијно се делува од година во година. Очекуваме итно решавање на овој проблем од страна на училишната управа, во спротивно ќе бидеме приморани нашиот револт од дрискриминаторскиот пристап да го истакнеме во поинаква форма, вели за Алфа Елизабета Далајоргу, родител на ученик.

По две пандемиски, годинава наставата стартуваше со физичко присуство, но со еден куп проблеми во образованието. Новата учебна година ја почнуваат околу 255.000 основци и средношколци, а просветните работници веќе од следниот месец ќе земат за 15% повисоки плати.

Борис Грујоски