Со месеци се чека за „мој термин“, Филипче вели дека не се реализираат закажаните термини

Во поголем дел од државните болниците, граѓаните не можат да закажат снимање со магнетна резонанца. Пациентите што не можат да чекаат, принудени се ваквите испитувања да ги плаќаат приватно. Министерот за здравство, вели дека не се реализираат закажаните термини.
Министерот Филипче, посочи дека проблем има на повеќе нивоа. Нема апарати, а ни кадар. Догодина, ветува Филипче, ќе се вработува персонал, а ќе се инвестира и во медицинска опрема.
Освен за магнетна резонанца, пациентите со месеци чекаат и за други дијагностички процедури и испитувања. Едно од нив е ехо на дојки. Со месеци, преку матичните лекари жени не можат да направат едноставен ехо-преглед, а во меѓувреме здравствените власти постојано апелираат за редовни прегледи, со цел рана детекција на рак на дојка.

Сања Ставров

https://www.youtube.com/watch?v=zxGVBIa3DeU&feature=youtu.be