НАЈНОВИ ВЕСТИ

Со Меморандум за соработка општина Прилеп ќе привлекува странски инвестиции преку Стопанската комора Турција-Македонија -МАТТО-

Со цел оставрување сорабатка, размена на искуства и информации во насока на унапредување на бизнис-климата, но и привлекување на странски инвестиции во повеќе сектори, општина Прилеп и Центарот за развој на Пелагонскиот плански регион потпишаа трипартитен Мемотандум за соработка со Стопанската комора Турција-Македонија МАТТО.

Излеговме со предлози и понуди кои што вредат да ги разгледаат каде што освен индустриските зони, понудени им се позиции каде што можат да пројават интерес компании во доменот на земјоделието, на минералните суровини и се она друго кое што Прилеп и прилепската општина може да им го понуди на турските стопанственици“, – ни изјави за Алфа, Борче Јовчески, градоначалник  на Прилеп.

Општина Прилеп има воспоставено пракса на партиципативно буџетирање што според националните стандарди служи за пример со високо извршување на буџетските приходи од дури 83% и со 80% на расходите. Посебен благодет на Прилеп е што според географската положба располага со многу природни ресурси, а за чија експлоатација преку концесија се наплаќаат значителни надоместоци кои се слеваат во општинскиот Буџет, појаснува Јовчески.

Пројавија интерес за индустриски зони и места кои што можат да бидат потенцијални места за изградба на фотоволтаици, за обновливи извори на енергија. Тоа беше најчесто поставувано прашање и како најбрзо да се надминат административните бариери, каде што ние навистина максимално понудивме експресно брзо да одговориме на нивните барања и очекувања“, – кажа градоначалникот Јовчески.

Со оглед и на досегашната успешна долгогодишна соработка со турските бизнисмени, а и според ново-постигнатиот трипартитен договор, се очекува во текот на наредните две недели, заинтересираните турски стопанственици да дојдат во Прилеп и на лице место да се уверат во можностите за нивни идни инвестиции.

Каролина Дурло