Со марш на Широк сокак одбележан Денот на белиот стап

Интернационалниот Ден на белиот стап денеска во Битола беше одбележан со марш на Широк сокак со учество на битолчани кои го имаат изгубено видот, како и активисти за борба против слепилото. Дури и белиот стап кој што е основно помагало за движење на слепите во целиот свет не е доволно, бидејќи кај нас битолчани  поради овој хендикеп, се соочуваат со повеќе бариери.

  • Со белото стапче сега се движиме малку подобро зашто нашите улици и сокаци се малку подобрени, но сеуште треба бариерите да се отстранат. На пример на тротоарите не можеме да поминиме оти се повисоки, нарочито во Битола- рече Стевче Костадиновски, претседател на Здружението на слепи во Битола.

Од  Здружението на слепи лица во Битола, се залагаат за вработување преку заштитини работилници и целосно интегрирање на овие лица во заедницата.

  • Ќе се борам да ги вратиме заштитните работлиници во тоа светло, не само д аги искористуваат парите од државата како заштитна работлиница, туку вистински да ги вработата инвалидизираните лица- рече Костадиновски.

Сега, во тек е скрининг- програма за превентивна заштита од слепило на најмладата популација.

  • Правиме напори за рано откривање на слепилото кај малите деца.  Имаме многу голем успех на територијата на нашата држава и досега се прегледани триесет илјади мали дечиња- рече Антонио Димитровски, активист за борба против слепило.

Во Битола, во моментов има двесте и дваесет слепи лица од кои 120 се целосно слепи, а овој хендикеп се повеќе ја зафаќа и помладата популација.

Петар Стефановски