Со донации од странство Владата бара спас од загадувањето

Владата си призна дека одвоила малку пари за борбата со аеро загадувањето. Невладините организации и граѓански здруженија секојдневно го потенцираа тоа,велеа дека парите одвоени од буџетот се безобразно мали.
Министерот Садула Дураки конечно проговори за аерозагадувањето и посочи дека парите се малку, па ги замоли странските земји и организации да и помогнат на државата.

Судејќи по денешната изјава на заменик министерот за животна средина Јани Макрадули, странците ќе донираат повеќе пари од што Владата ќе даде за овој проблем. Парите одвоени за решавање на проблемот со аерозадагувањето кои Владата ги издвои се 1,6 милиони евра, а според Макрадули само шведска организација ќе донира 2 милиони евра за Македонија да се спаси од загадениот воздух.
Иако Макрадули тврдеше дека се е во ред со мерните станици, денеска истакна дека најверојатно шведските донации ќе се искористат токму за поправка и надградба на истите.

Во предизборната кампања и локалните и на парламентарните избори, тогашната опозиција СДСМ ветуваа дека имаат план како да го решат проблем со аерозагадувањето, за сега една односно две години подоцна да презентираат план за чист воздух кој во наредните две години ќе го намали загадувањето за 50 проценти.
За планот за чист воздух, коментираат и екологиститe.

Тоа е едно слаткоречиво срочено четиво за неупатени луѓе. Никој, што работел на оваа проблематика, не би се залетал со вакви бројки и ветувања, посебно со така мал буџет на располагање, вели Тони Никушевски – еколошки активист.


Владината програма за чист воздух, предвидува со закон да се забрани јагленот како извор на затоплување. Макрадули ги повика невладините еколошки организации да се вклучат во реализирање на владината програма како би се убедиле граѓаните да користат еколошки извори на загревање.