Со доаѓањето на пролетта, доаѓаат и омалаксаноста и депресијата. Тоа што треба да го направите не бара многу

Со доаѓањето на пролетта се појавуваат и неколку симптоми како омалаксаност, вртоглавица, поспаност, срцеви аритмии, депресија, лекарите препорачуваат да направите неколку промени во вашето секојдневие.

Пролетта се карактеризира со променливите температури, сончевите зраци и временските промени кои предизвикуваат почеста потреба за спиење, пад на концентрацијата и замор.

Повеќето луѓе му се радуваат на сонцето, меѓутоа доаѓањето на ова годишно време доведува до тоа да метеоропатите најчесто страдаат, тврдат експертите.

Некои луѓе имаат потреба од помалку, а на некои пак им е потребно повеќе време да се прилагодат на пролетта, особено хроничните пациенти, затоа во овој период се препорачува пешачење секој ден.

Покрај тоа, стручните лица порачуваат конзумирање на полесна храна, поточно овошје и зеленчук.

Имено, во извештајот од испитувањето се вели дека лицата со хронични заболувања не смеат да се препуштат веднаш на лекови, наместо тоа тие треба да ги заменат со насмевка која исто така лекува.

„Секој ден треба да разговарате и да се дружите со луѓе со добра волја, со добра енергија и да бидете опкружени со луѓе кои се важни за вас и кои ви се драги, иако не е лесно да се избегнат негативните луѓе “, велат тие.

 Лекарите додаваат дека треба да се избегнуваат големи количества кафе и алкохол, како и цигари.