Со багери против граѓаните – Активистите на „Го сакам Водно“ со жив ѕид во одбрана на планината

Драма на блокадите на граѓанските активисти кои денеска легнаа пред багерите за спас на Водно. Со жив ѕид активисти на граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ ја бранеа планината од градежната механизација која копа трасата за гасовод. За малку беше избегнат инцидент по скандалозниот повик од надлежните до багерите да тргнат напред и да газат луѓе.

За овие скандалозни и драматични снимки, јавноста дозна преку социјалните мрежи. За камерата на Алфа падна блокада.

Најпрвин на рампата од патот кој води кон локацијата, а потоа и на жичницата која денеска беше затворена. Активистите од граѓанската иницијатива „Го сакам Водно“ најавија дека ќе останат тука се додека не се стави крај на оголување на Водно, рече за Алфа Сергеј Дамовски, активист на „Го сакам Водно“.

Зошто блокада на сите приоди кон сртот каде се гради од надлежните молк. Алфа се обрати до Град Скопје од каде добивме само одговор дека екипата не може да снима на врвот на водно.

Во меѓувреме, наместо службите задолжени пропуштање на возилата, денеска со рампата раководеше екипа од ЈП Паркови и зеленило. Извисија и граѓаните кои рекреативно сакаа да се качат до врвот со жичницата. Вработените кратко ни рекоа дека во текот на целиот ден таа нема да работи, зашто денеска бил ден за сервисирање.

Во меѓувреме, македонскиот велосипедски тим в недела организира настан, каде ќе се вози низ Водно со цел зачувување на планината по најавената изградба и оголување на сртот.

Борис Грујоски