„Социетас Цивилис”: Изградбата на автопатските коридори има сомнежи за корупција, целата процедура е со еден куп пропусти

Системски пропусти, можности за корупција. Владиниот проект за изградба на коридорите 8 и 10 д е спорен и полн со пропшусти, алармира невладинито сектор. Анализата на Институтот за демократија „Социетас Цивилис” открива бројни недоследности. Оттаму предупредуваат дека е спорна постапката за избор на компанија за надзор врз изградбата на автопатиштата, а укажуваат и на низа пропусти при склучување на договорот помеѓу Владата и конзорциумот „Бехтел Енка“.

Според невладината организација прекршени се деловниците и во Владата и во Собранието. Заштитниот механизам за контрола при носењето на вакви одлуки велат едноставно никој не го покрена. Злоупотребено е европското знаменце при носењето на овој закон, а бо целата постапка се вклучил и претседателот Пендаровски кој го парафиракл договорот кој е енигма за јавноста
- „Во целата оваа постапка оневозможен е системот на контрола на интегритетот на носењето одлуки. Овој систем е дефиниран за да ги анулира приватните интереси кои би имале влијание во носењето на вакви одлуки. Не е извршена и проценка на влијание на регулативата што треба да важи за секој закон. За законот што се однесува на изградбата на коридорите од Бехтел и Енка таква проценка не е направена, а е законски задолжителна. Ова подразбираше изработка на бројни анализи за влијанието на овој закон на други законски измени. Прекршени се деловниците и во Владата и во Собранието. Заштитниот механизам за контрола при носењето на вакви одлуки едноставно никој не го покрена. Злоупотребено е европското знаменце при носењето на овој закон. Во тоа се вклучи и претседателот на државата кој без никаква резерва го потпиша законот, а можеше врз основа на сите овие претходни прекршоци да не го потпише указот“, рече Поповиќ.

Од Институтот за демократија велат дека ако сакаме да мрднеме од мртва точка, мора конечно да завладее правото, а за таа цел потребна е поголема соработка и консултација со сите релевантни чинители.
- Пропустите почнуваат уште на самиот почеток кога лобирањето за овој проект од страна на компанијата не било пријавено според одредбите од Законот за лобирање, вели раководителот на центарот и постар истражувач во ИДСЦС Миша Поповиќ и според овој закон двете страни, во случајов и Владата и компанијата имале обврска да пријават лобист, а таква пријава немало.

И додека за изградбата на коридорите 8 и 10д ќе бидат потребни околу 2.000 работници од различни профили, само една ископана дупка остананува нем сведок на помпезните најави за старт на изградбата. Иако роковите течат, а Владата уверува дека од 22 мај почнале со реализзација на договорот, очигледно се реализираат само милионските трансакции кон „Бехтел и Енка“.
Досега од државниот буџет за „Бехтел и Енка“ исплатени се повеќе од 180 милиони евра за старт на изградбата на коридорите, а на терен, нема работници, ниту градежни активности. Остана само железната рамка каде беше ставена таблата – камен темелник, со еден куп ѓубре околу неа.
Борис Грујоски